Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Спасителите на вода со полни раце работа – од почетокот на сезоната спречени се девет трагедии

Само во првите дваесетина дена од официјалниот почеток на летото спасителите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само во првите дваесетина дена од официјалниот почеток на летото спасителите на вода извлекле 9 давеници кои можеле да завршат фатално,а се соочиле и со над 70 интервенции на укажување на прва помош. Ваквиот биланс на инцидентиго вклучи алармот од потребата да се ангажираат спасители на сите плажи и капалишта. Во моментов во Охрид од 37 капалишта на крајбрежјето, само на 11 плажи се воспоставени безбедносни критериуми со ангажман на 15 спасители.

Во соседна Струга во ек на сезоната, на капалиштата не се обезбедени нити најнеопходните мерки за безбедно функционирање,спасители има само на една од 17-те плажа. Онаму каде што нема спасители, капалиштата се потполно небезбедни и треба да се избегнуваат,укажуваат од охридскиот Црвен крст.

 Бројот на ангажирани спасители соодветно на бројот на капалишта кои што ги има на охридското и струшкото крајбрежје секако не е соодветен, секако дека сите капалишта кои што се издаваат односно се користат од капачи и посетители треба да исполнуваат безбедносни услови и критериуми.Она што треба да им се каже на туристите и да се апелира до сите оние кои што доаѓаат да ги користат капалиштата, да ги користат безбедните капалишта  -вели Сашо Точков од Црвен крст Охрид

Реклама

Никаде, на ниту една плажа долж целото охридско-струшко крајбрежје не е поставена табла на која согласно правилникот треба да стои дека капалиштето е небезбедено,вели Точков.Тој апелира до сите оние кои стопанисуваат со плажите да обезбедат час поскоро спасители, бидејќи во спротивно, ако се случи немил настан, одговорноста ќе биде нивна. Згора на се’ охридскиот центар за безбедност на вода петта година е без бродот амбуланта. 

Ете го извадивме на површина немајќи финансиски капацитет за да го опслужуваме.Брод амбуланта на едно олкаво езеро би било од голема корист, не само за акутни интервенции она што може да се случува на капалиштата во летниот период и интервенција на соодветна екипа со брз брод туку и преку  целата година.Ние  3-4 болници имаме покрај брегот на езерото”-вели Точков

,Бродот амбулатна прв пар заплови во 2011-та и беше единствен од ваков вид во Македонија. Многу е важно вели Точков,еден туристички центар како Охрид  да има на располагање брз брод амбуланта.Доколку го имавме, можеби ќе беа спасени животите на 4 странски државјани кои починаа на плажите сред пеколни горештини,не почитувајќи ги препораките на здравствените работници.