Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

СДСМ обвинува за историска измама со пензиите, ВМРО ДПМНЕ возвраќа – на Тренчевска ѝ смета зголемувањето на пензиите од 7000 денари за 18 месеци

СДСМ ја обвини Владата за, како што велат, „историска измама“ кон пензионерите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ ја обвини Владата за, како што велат, „историска измама“ кон пензионерите, поради најавата за линеарно зголемување на пензиите за 1.000 денари од септември.

Пратеничката Јована Тренчевска посочи дека ваквото решение ќе ги оштети пензионерите двапати – еднаш сега, во септември, и повторно во март идната година, со уште едно фиксирано зголемување наместо редовно усогласување според инфлацијата.

„Ако владата не го менуваше законот, пензиите во септември ќе се зголемеа за околу 5 проценти. Со ова линеарно зголемување, пензионерите губат повеќе, особено оние со повисоки пензии,“ рече Тренчевска.

Реклама

На ова остро реагираше ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека СДСМ и Тренчевска, како поранешна министерка, немаат морално право да зборуваат за грижа кон пензионерите.

„СДСМ и Тренчевска пензионерите ги доведоа на раб на егзистенција. Се паметат протестите со празни тегли, кога народот им кажа дека пензиите не се доволни ниту за зимница,“ соопштија од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, за само 18 месеци од преземањето на власта, пензиите веќе се зголемени за 5.000 денари, а со најавеното линеарно зголемување во септември и март, ќе пораснат за вкупно 7.000 денари.

„Пензионерите сега имаат партнер во оваа Влада. Вреднуваме труд, решаваме проблеми и создаваме услови за достоинствена старост,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.