Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред

Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов од собраниската говорница порача дека е горд како млад пратеник што секој студент до 29 години ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред, посочувајќи дека младите се во фокусот на оваа Влада.

-Констатирам дека кога ВМРО-ДПМНЕ е во прашање и младите во Македонија зборот е збор и затоа денес сум горд што сум овластен предлагач на Законот за вредносни ваучери со секој студент запишан на додипломски студии до 29 години од септември ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за да набави електронско помагало во форма на лап топ таблет или персонален компутер, рече Попов.

Реклама

Даниела Николова од СДСМ ги поздрави мерките што го унапредуваат студентскиот стандард, посочувајќи дека ќе го поддржат законското решение, но ја критикуваше власта дека дури по една година се сетила на младите.

-Меѓутоа велите се враќа довербата, сега повеќе се размислувало за младите, но знаете дека тоа не е така, ова е прва мерка што ја предлаа Владата во цела оваа година што се однесува на младите, рече Николова.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески истакна дека за оваа намена од државниот Буџет издвоени се 850 милиони денари со кој опфатени ќе бидат 55 илјади студенти.

Јаулески посочи дека секој студент до 29 години запишан во учебната 2025-2026 година ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

-Денес на дневен ред е Законот за вредносни ваучери со коишто се предвидува набавка на електронски уреди во форма на лаптоп, персонален компјутер или таблет. Право на овој ваучер ќе имаат сите студенти до 29 години коишто се запишани коишто се запишани во учебната 2025-2026 година. И со оваа финансиска поддршка од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари. За секој студент 15.300 денари, а ќе се опфатат над 55 илјади студенти, рече Јаулески.

Пратеникот посочи дека целта на овој закон е дигитална писменост, еднаков пристап за сите студенти до електронски уред и развивање на технолошката писменост, посочувајќи ги и другите мерки кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира за младите.

Во рамки на 60-та седница пратениците ги донесе следниве закони – Закон за изменување на Законот за стоковните резерви, Законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и Законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.

Пратениците во рамки на продолжението на 62-та седница го донесоа и Законот за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво.

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски информира дека седницата по преостанатата точка за испрќаање на припадници на Армијата во мисијата на УНИФИЛ дополнително ќе биде закажана.