Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

🎥 Ѓорѓиевски на средба со Азески – разговори за економски стабилно Скопје

Локалниот економски развој, решавањето на проблемите на граѓаните, реализирање на проектите, борба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалниот економски развој, решавањето на проблемите на граѓаните, реализирање на проектите, борба против дивоградбите, подобри улици, булевари, градење според план, работа само и само во интерес на жителите – ова треба биде фокус на идниот градоначалник на Скопје.

Во пресрет на локалните избори, повторно се отвораат темите што е најпотребно, Скопје повторно да го врати сјајот, да заличи на вистинска метропола, да се подобри квалитетот на животот. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески порача дека ако ја добие довербата на граѓаните ќе се посвети целосно за економско стабилно Скопје кое ќе граби напред.

Мој приоритет е да создадеме силно и економски стабилно Скопје кое ќе граби напред, град во кој ќе се утврдат потенцијалите не за две, три или пет, туку за многу повеќе години, и кога јас нема да бидам градоначалник, многу е важно да имаме економска стратегија за развивање на главниот град, силно стопанство и нови, добро платени работни места. Им порачувам на стопанствениците, да бидат сигурни дека ќе имаат вистински партенр во мене, дека ќе имаат подадедна рака за поддршка и дека тие ќе бидат еден од главните двигитали на градот – истакна Ѓорѓиевски.

Реклама

Уште една борба за подобро Скопје ќе биде и борбата со дивоградбите. Ѓорѓиевски кој е актуелен градоначалник на Кисела Вода, вели дека нема ниту еден случај на дивоградба во општината, каде не било постапено – но за дел од нив, се чека судска одлука за да се пристапи кон уривање. Ветува дека и како градоначалник на Скопје, доколку победи на изборите, ќе го вложи својот максиум и за овој проблем.

Според Азески, потенцијалот кој го има главниот град мора да се искористи – затоа е потребна економска стратегија, а преку проектите кои ќе се реализираат, ќе се отвораат повеќе работни места, што ќе доведе до посилна економија.

Сè е пари, му порачуваме на новиот градоначалник да ги искористи максимално. Свесни сме дека Буџетот на Скопје е помал од буџетите на сите главни градови и затоа сметаме дека треба да се зголемува само за продуктивни инвестиции. Порачуваме и дека во тоа треба да помогне државата. Скопје е расадник на кадри и тука се наоѓаат најголемите потенцијали за развој на државата. Кадрите треба да произлезеат од образовниот систем, а во Скопје се најзначајните школи уницетзритетит и институциикоипрозведуваат кадар – укажа Азески.

Инаку, на средбата се разговараше и за децентрализацијата на власта со што се воспоставува систем за ефикасно функционирање на општините, за почитување на надлежностите, одговорностите и обврските на Град Скопје, за зголемување на инвестициите и создавање поволна клима за раст на бизнисот.