Секои шест месеци ќе се оценува знаењето на јавните службениците, ќе добиваат оценки и сите кои што ќе добијат единица ќе одат обуки и доосовршување. Реформата во јавната администрација треба да го преобрази институционалниот систем во максимална служба на граѓаните, порача министерот Горан Минчев на отворањето на првиот едукативен центар во општина Аеродром. Новите простории се наменски, ќе ќе служат и за обука и едукација на новите генерации и преедукација на постоечкиот кадар.
- „Обуката не е обврска, туку инвестиција во луѓето што се темел на институциите, рече министерот, истакнувајќи дека новиот Центар е повеќе од простор – тој е ресурс за градење на ефикасна, мотивирана и граѓански ориентирана администрација. Соодветна проверка на новите вработени, но и проверка на тие што веќе се вработени, на секои шест месеци, што значи се водиме од политиката дека учењето и знаењето се клучната алка за професионална јавна администрација“ – рече Горан Минчев – Министер за јавна администрација.
Голема политичка волја има и за департизирање на административниот апарат, вели Минчев а доказ за тоа според него се веќе донесените законски измени. Критиките за стагнацијата на јавната администраиција, вели министерот, што било констатирано во Извештаите од ЕУ изминативе 10-тина години.
- „Дали има политичка волја? Неколку пати имам кажано дека, да, и тоа силна. Голема мотивираност кај Владата. Пред извесен период се донесени законски измени кои беа 5 години наназад не беа донесени, затоа велиме дека оваа реформа е историска. Само за една година оваа Влада го направи тоа што не било направено изминативе 10 години и ги прави суштинските чекори и ги прави суштинските чекори како треба да изгледа јавната администрација. Гаранација за департизирање се новите законски решенија односно зголемувањето на критериумите за вработување од иституциите. Исто така и дисциплинската одговорност која ја најавивме, е во таа насока“ рече Минчев.
Министерството веќе подготвува нови сет законски измени кои ќе опфатат законите за висока раководна служба, за платите и за работа на органите на државната управа.

