Реклама

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Структурите на СДСМ меѓу кои и Жерновски во служба на бугарската агенда ги рушат македонските позиции и подриваат идентитетот

Жерновски се приклучи кон политиките што го поткопуваат угледот и позициите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жерновски се приклучи кон политиките што го поткопуваат угледот и позициите на Македонија. Жерновски се стави во служба на странски наративи на штета на македонскиот идентитет и македонските интереси. Жерновски со структури од СДСМ продолжува со сервилноста во корист на странски агенди, а на штета и удар на македонскиот идентитет и позиции, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Жерновски, по сите неуспешни обиди во политиката, од градоначалнички избори до дипломатски активности се стави на располагање заедно со Филипче да бидат најголемите поборници на бугарските агенции и бугарските интереси во државата.

Жерновски повторно зборува во полза на бугарскиот наратив за Македонија. Со оглед на неговото семејно потекло и фактот дека неговиот дедо бил бугарски кмет тоа воопшто не му претставува проблем“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Од владејачката партија потенцираат дека сервилноста на Жерновски, Филипче и СДСМ ја доведе Македонија во понижувачка позиција каде Бугарија отворено ја негира македонската нација, македонскиот јазик и идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ нема да молчи кога структури на СДСМ се обидуваат да ја извртат историјата и да ги рушат позициите на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на националните интереси и достоинството на македонскиот народ, стои во соопштението на владејачката партија.