Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Економија

📷 Перински во Карбинци: После 90 години инвестиција во училиштето во село Радање

После 90 години се реконструира објектот на училиштето во село Радање. Министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После 90 години се реконструира објектот на училиштето во село Радање. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, го означија почетокот на градежните активности на проектот „Реконструкција на ПОУ „Страшо Пинџур“ во село Радање“, каде што учат околу 70 ученици на македонски и турски јазик, од прво до петто одделение.

Министерот при посетата посочи дека ваквите проекти се јасен показател дека државата инвестира во сите општини и региони. Посебен акцент е ставен на руралните општини. Вкупната вредност на проектот е 8.946.038 денари, од кои, Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, инвестира 4.500.000 денари, а обезбедени се и 4.446.038 денари од буџетот на Општина Карбинци.

„Покрај овие средства, Општината преку првиот и вториот јавен повик доби приближно 40 милиони денари, за реализација на вкупно 5 проекти“, дополни министерот.

Реклама

Преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година се финансирани 38 проекти со вкупна вредност од 87.925.000 денари. Во рамки на оваа Програма се поддржуваат активности за изведба на градби за подобрување на пристапот до инфраструктура на ниво на плански региони и на локално ниво.

Објавата и фотографиите може да ги погледнете на следниот линк: