Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Лефков: Опозицијата само шири сомнителни вести и се обидува да етикетира сé што е македонско

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за денешната собраниска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за денешната собраниска седница околу Ребалансот на Буџетот истакна дека опозицијата постојано само омаловажува и нема никаков критички осврт, што според него, во моментов и недостасува во земјата.

Лефков дополни и дека ваквото однесување на опозицијата може да наштети на демократските процеси во Македонија, бидејќи однесувањето на Владата е многу важно, но исто така важно е и однесувањето на опозицијата.

„Зборуваат за пренамена на 4 милиони денари кога во исто време за надоместување на штетата што ја има направено Оливер Спасовски во МВР потребни се 22 милиони евра. Додека УЈП во нивно време ја тресеа скандали за поврат на милиони ДДВ , милиони денари ДДВ од фиктивни фирми , сега тие за одредени проценти од тој износ се обидуваат да скандализираат и тоа само затоа што биле пренаменети од една на друга ставка и тоа на крајот резултираше со вакви навреди од страна на Битиќи“ кажа Лефков.

Реклама

Лефков кажа дека во земјава во моментов недостасува критичната мисла и борбата на идеи.

„Една опозиција која што навистина не си го најде своето место. Она што можеме да го видиме што се случува и од најавите и од начинот на којшто се поставува опозицијата се најавуваат навистина валкана кампања за локалните избори. Затоа што во Македонија недостасува критичната мисла, недостасува борба на идеи, борба на платформи. Единствени коишто имаат одредена платформа, се борат за нејзина реализација практично во овој момент е Владата“ истакна Лефков.

Според него, Владата на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги испорачува предизборните ветувања, и тоа е сосема видливо. Лефков истакна дека опозицијата наместо конструктивни критики постојано омаловажува.

„Од другата страна наместо критики имаме навредување, омаловажување. Гледаме сомнителни вести, ширење на сомнителни вести, обид за етикетирање и сето тоа засилува како што се наближуваат локалните избори“ рече Лефков.

Според Лефков, опозицијата постојано упатува навреди, кои можат да наштетат на демократијата во земјава.

„Само дополнително да наштети на демократските процеси и на развојот на демократијата затоа што за развојот на демократијата во една држава е еден од сегментите во коишто, не е доволно само Владата туку е многу важно однесувањето и на опозицијата“, вели Лефков.