Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

🎥 Мицкоски: Потпишан меморандум за реализација на стратешки проект вреден една милијарда евра

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“, Шабан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемаил, одржа прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата.

-Денеска испраќаме јасен сигнал дека имаме волја, план и капацитет да го обезбедиме својот енергетски суверенитет и да го заштитиме својот економски имтерес на државата на долги патеки.

Со потпишувањето на овој Меморандум со „Казанџи груп“, отвораме простор за реализција на значаен стратешки проект вреден со една милијарда евра. Инвестиција што ќе има реално, практично и долгорочно влијание врз енергерскиот систем на државата, изјави Мицкоски.

Реклама

Проектот предвидува три главни компоненти:
Развој на нови капацитети за производство на електрична енергија
Изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас, како и мерки за зголемување на сигурноста во снадбување со гас.

-Ова не е само инфраструктурен проект, ова е проект што ја засега безбедноста, стабилноста и економската иднина на државата, потенцираше Мицкоски.

Во обраќењето премиерот Мицкоски додаде:

„Енергијата е основа за секој вид производство, за функционирањето на институциите, за нормалниот живот на граѓаните. Да имаме свој извор и стабилна дистрибуција значи да имаме сигурност, предвидливост и контрола врз еден од најважните системи во државата.

Со оваа инвестиција се отвораат и нови можности за индустријата, се поддржува гасификацијата, се отвораат нови работни места, и се зајакнува енергетската отпорност на државата. Истовремено, со развојот на домашни производствени капацитети ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешни ценовни и политички ризици.

Оваа соработка е резултат на одговорен пристап, јасна визија и стабилно владеење. Сакам да упатам благодарност до „Казанџи Груп“ за довербата што ја покажаа кон нашата држава и институциите. Македонија нуди услови за сериозни и долгорочни инвестиции, и денешниот настан е доказ за тоа.

Како Влада, остануваме фокусирани на енергетските политики, не како ад-хок мерки, туку како дел од долгорочен и доследен план. Нашата цел е јасна, да ја изградиме државата како стабилен и самостоен енергетски субјект во регионот.

Во вакви моменти, кога се поставуваат основи за системски промени, важно е да се потсетиме дека ова не е крајната цел, туку почеток на процес што ќе го следиме внимателно, одговорно и домаќински. Ќе продолжиме да инвестираме во енергетиката, но и во секој друг сектор што значи подобар живот за граѓаните.

Ова е уште еден конкретен чекор напред. Со работа, со стабилност и со партнерства, ги отвораме можностите што ги заслужуваме. Вака ги градиме темелите на промените. Чесно, одговорно и посветено во секое поле и област“.

„Казанџи груп“ е светски гигант во енергетиката со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.