Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Јанкоски: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор

„Доколку добиете сомнителен повик, порака или е-пошта, првиот чекор е да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Доколку добиете сомнителен повик, порака или е-пошта, првиот чекор е да го проверите изворот – дали навистина доаѓа од вашата банка или од надлежна институција. Никогаш не отворајте е-врски, не преземајте прилози и не споделувајте лични податоци. Банките нема да побараат ПИН, лозинка или друг чувствителен податок преку телефон или е-пошта. Најбезбедно е веднаш да ја прекинете комуникацијата и да контактирате со вашата банка. Пријавувањето вакви случаи е важно и за заштита на другите корисници“, апелира Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи во Народната банка.

Тој говореше за сѐ почестите облици на дигитални банкарски измами, особено оние поврзани со електронската трговија. Според податоците, во 2024 година значително е зголемен бројот на измами поврзани со онлајн плаќања, особено при купување од странски електронски продавници. Овие измами се почести отколку измамите при плаќање на физичките места, што уште повеќе ја истакнува потребата од внимателност при онлајн купувањето и поголема свесност за ризиците во дигиталниот простор.

Јанкоски нагласи дека Народната банка, следејќи ги светските дигитални трендови, постојано работи на унапредување на регулативата за зголемување на сигурноста при користењето банкарски и платежни услуги. Ова се прави во соработка со банките, преку активности за запознавање на јавноста – брошури, видеоматеријали и други материјали коишто постојано ја нагласуваат најважната порака: ниту една банка нема да побара лични податоци преку порака или е-врска.

Реклама

„Дигиталната писменост е особено важна за заштита од измами и за создавање безбедна дигитална финансиска средина. Со сè поголемото користење на онлајн банкарството, неопходно е граѓаните да знаат како безбедно да ги користат овие услуги и да ги препознаат потенцијалните ризици. Народната банка активно работи на ова поле – годинава, на пример, организиравме обука за наставниците за теми како лажни пораки (фишинг) и дигитални измами, за да може овие знаења да им се пренесат и на младите, кои се сè поизложени на дигиталните закани“, истакна Јанкоски.

Тој додаде дека преку усвојување нови законски решенија усогласени со европските прописи, веќе се воведени системски механизми, особено во областа на платежните услуги, коишто обезбедуваат посигурна инфраструктура за извршување на платежните трансакции.