Реклама

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се креатори на растот на цените, ги опљачкаа институциите и државата ја оставија пред банкрот со уништена економија

Креаторите на растот на инфлацијата и на цените на производите, СДСМ повторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Креаторите на растот на инфлацијата и на цените на производите, СДСМ повторно се јавија глумејќи наводна грижа, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се тие кои за седум години го срушија животниот стандард и ја зголемија сиромаштијата во државата. СДСМ не се грижеше како граѓаните ќе го врзат месецот, додека беше на власт и го зголемуваше ДДВ на производите, убедувајќи ги граѓаните дека тоа е за нивно добро затоа што биле, според нив, нездрави. Додека неговата партиска елита се богатеше преку наместени тендери во четири очи, СДСМ на власт не се запраша како над пола милион граѓани го поминуваат денот со по 150 денари. Наместо вистинска грижа, за која сега лицемерно глумат, македонската јавност беше сведок на целосно пљачкање на институциите и осиромашување на граѓаните. А, украдените милиони ги изнесуваа по странство, каде сега имаат големи бизниси. Таков е и примерот на Зоран Заев кој сега гради висококатница по Дубаи, во кој бизнис, најверојатно му е бизнис ортак и неговата продолжена рака, Венко Филипче. Да не се заборави и дека нивниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е во бегство за милионска плачка и криминал во енергетскиот сектор. Така да кога СДСМ од опозиција глуми загриженост за стандардот на граѓаните, нека се потсети дека пред година дена ставија уништена економија, празен буџет и држава пред банкрот. Сега нега седи во длабоката опозиција и нека гледа како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го санира нивниот пустош, води грижа за секој и ја заживува економијата која ќе биде основа на одржливо и трајно зголемување на животниот стандард. Сега во државата има Влада која води вистинска грижа за секој еден граѓанин и за сите засегнати страни, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Платите и пензиите растат и во координација и договор со сите засегнати страни истите ќе продолжат и понатаму да растат, додаваат од владејачката партија.