Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче по стапките на Заев, за да дојде на власт и да остварува личен интерес, слугува и одработува на бугарските интереси

Во својата историја СДСМ покажа и докажа, дека на власт не може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во својата историја СДСМ покажа и докажа, дека на власт не може да дојде со изборна програма во која, со понуда за проекти да ја бараат поддршката на граѓаните. Во неколку изборни циклуси СДСМ влегува со јасна предавничка цел и со лаги и манипулации бара гласови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Не често ги добива, па така само за да ги реализира мрачните сценарија за државата кои единствено служат на туѓи интереси, СДСМ на власт доаѓа и со изгубени избори.

Како што беше и примерот на Зоран Заев, кој со изгубени избори дојде на власт за да го премени името, а тој да профитира милиони ограбувајќи ја државата.

Реклама

По истите овие стапки на Заев, сега тргнал и Венко Филипче, да слугува на туѓи интереси само за да се дограби до власт.

Ова СДСМ на чело со Филипче, не е ништо друго, освен извршител на бугарската агенда и ги распродава националните интереси.

Ова СДСМ и Венко Филипче се бугарскиот ас на бугарскиот претседател, Румен Радев во реализацијата на антимакедонското сценарио.

И токму нивното посегнување кон фабрикувани лаги и манипулации како и нападите кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски се резултат на нивните одработувања за туѓи сценарија“, потенцираат во соопштението од владејачката партија.

Од таму додаваат дека: Намерата на ваквите оркестрирани и скапо платени со бугарски пари напади е да се ослабне ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со надеж дека така ќе дојдат на власт и лесно ќе ги распродаваат националните интереси.

Но, народот јасно знае дека ВМРО-ДПМНЕ со претседателот Мицкоски се единствените на браникот на националните и државни интереси.

Нападите на СДСМ, веројатно, ќе продолжат понатаму и затоа ги повикуваме граѓаните и понатаму будно да ги следат случувањата, зошто сè ќе излезе на виделина и јасно ќе препознаат дека се од ова што кажавме е точно и дека СДСМ и Филипче единствено се водат од личниот интерес, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.