Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Јаневска: Повторно ја враќаме историјата како предмет

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва во Велес изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва во Велес изјави дека оваа Влада успеала да го исплати долгот од претходната влада во образованието за плати за наставниците и ги испечати сите учебници за кои имаше недостаток повеќе години. Најави дека учебници ќе има за сите ученици.

-Ја сменивме програмата за 7 одделение и од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја што претходната го укина, а учебникот е во печатење, рече министерката Јаневска.

Воедно информира дека од претстојната учебна година по шест години пауза, учениците повторно ќе имаат учебници по странски јазици: англиски, германски, француски и италијански.

Реклама

Јаневска информира дека е сменета програмата за прва година гимназиско образование. Законот за високо образование, како што каќа, се доработува со уште неколку закони. Министерката Јаневска информира дека МОН дава поддршка за младите кои имаат изработено свои иновации во науката и за нивно пласирање и поддршка надвор од земјава, како и дополнителна награда и поддршка  за оние ученици кои освоиле први места и медали на разни европски и светски натпревари во областа на науката.

Распишан е оглас за проекти за научно истражувачка работа на професорите, а отворени се шест нови лекторати во светот каде ќе се изучува и популаризира македонски јазик и литература.

Оваа Влада, како што кажа министерката, досега шест пати ја покачила платата на наставниците и со СОНК се договориле секоја година да има нови покачувања на платите.

Таа потсети дека МОН и оваа Влада изградиле осум нови училишни згради и работи на деветата, реновирани се 20 училишни сали, а се градат уште четири спортски сали и има повик за изградба на уште 30 нови спортски сали. Потсети дека ги опремиле училиштата со смарт табли и друга современа опрема, а во соработка со Бирото за развој и образование имаат обуки за наставниците да користат напредна технологија.

Министерката Јаневска, која зборуваше на партиска трибина во Велес, потенцира дека МОН за првпат ги легализира дуалните паралелки во средно образование кои имаат практичична настава.

Во средното стручно образование освен постоечките направиле уште два нови стручни центри во Штип и Битола според стандардите на земјите од ЕУ.