Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

🎥 Клековски: Охридската болница наместо со современа апаратура, работела со историски музејски експонати

Додека над 200 медицински апарати, вредни преку 100 милиони евра, со години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека над 200 медицински апарати, вредни преку 100 милиони евра, со години скапувале во подрумите на јавните здравствени установи низ државава, во охридската општа болница, која е најстара во регионов, 15 години не била набавена нова, современа апаратура. Она што се употребувало повеќе наликувало на музејски експонат. Ова за првиот човек на Фондот за здравство е непојмливо – болниците во охридско-струшкиот регион заслужуваат стручно и професионално да напредуваат.

„Да овозможиме и подобра инфраструктура во опрема, бидејќи за да се задржат докторите во овие краишта, не е доволно само платите да се зголемуваат, туку мора да има и соодветни услови за работа. За жал, чувте, апарати 15 години биле во употреба, значи, во основа се употребувале историски музејски експонати“ – вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство.

Раководството на болницата, во кус период, со нова и современа апаратура ги поднови речиси сите одделенија. Последно пристигнаа два апарати за гинекологија и радиологија, вредни 3,5 милиони денари.

Реклама

„Поентата е што помалку да се изложат граѓаните на малтретирање, на патување надвор од градот, што од своја страна значи дополнителни трошоци, значи воведување на нови процедури како во хируршките, така и во интернистичките гранки. Планови за подобрување на услугата во однос на реновирање и репарирање на деловите кои што се дотраени, со цел подобро да се чувствуваат пациентите“ – вели д-р Горан Маркоски, директор на општа болница Охрид.

Обезбедена од македонските иселеници во Швајцарија, донација во медицинска опрема и апарати, вредна околу 100.000 евра, доби и болницата „Свети Еразмо“. Таму, после една деценија, конечно ќе биде пуштен во употреба новиот болнички блок – проект чија реализација запре во 2017-та. Во моментов се врши ревизија за да се утврди во каква состојба е истиот.

„Фактички не прави подготвени, во еден многу краток период по оспособувањето и завршувањето на ревизијата и проценката на проектот, еден дел од истиот да биде веднаш ставен во употреба“ – вели д-р Харалампие Шокароски, директор на болницата „Свети Еразмо“.

Десет години се работи во супстандардни услови – дневно низ четирите амбуланти поминувале околу 400 пациенти, се работело во само две операциони сали кои не ги задоволувале условите, а поради недостаток на простор буквално немало каде да се сместат ниту оперираните пациенти, а камоли да им се овозможи нивна рехабилитација. Со пуштањето на новиот болнички блок, вели Шокароски, ќе се создадат достоинствени услови за лекување и рехабилитација на пациентите.