Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Аларм за будност: Зачестени сообраќајки со мотоцикли во охридскиот регион

Стравичната сообраќајка во која згасна животот на 16-годишно момче кое управувало мопед,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стравичната сообраќајка во која згасна животот на 16-годишно момче кое управувало мопед, го вклучи алармот. Во само неколку месеци, ова е втора жртва на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, на истиот потег кај населбата Рача. Моторите се посебно привлечни за младата популација, а ваквите трагедии само говорат дека затаивме и како родители и како просветни работници. Децата треба да се воспитуваат пред да им се купи мопед, децидни се експертите. Тие упатуваат и на поголема институционална будност и делување и на полиција, како и посериозен пристап на центрите за полагање на возачки испит.

„Префрлувањето од една дестинација на друга со моторцикл треба да се всади дека е тоа потреба, можност, избор, а не можност да се манифестира нешто што не треба и што го доведува во опасност пред сè тој што вози, но и другите учесници во самиот сообраќај. Многу е важно тој воспитен дел и институции, но и дома и во семејствата, бидејќи стварно е многу тешко и непревентивно како заедница да губиме млад живот како учество во сообраќајот“ – вели Љупчо Милкоски, аналитичар за безбедносни појави.

А податоците од полицијата се поразителни и повеќе од загрижувачки. При контролите спроведени од март до јуни, 231 моторциклист не користел заштитна кацига, 42 возеле без возачка дозвола, еден управувал мотор без продолжена важност на возачката дозвола, а еден моторциклист возел пијан. Сите се санкционирани.

Реклама

„Ова е уште еден аларм за сите нас дека е потребно што е можно повеќе совесно и внимателно управување со патничките и други моторни возила, со моторциклите. Тоа значи користење на заштитна опрема моторциклистите и велосипедистите, носење заштитна кацига – шлем, не користење мобилни телефони при управувањето со моторните возила и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи“ – вели Стефан Димоски, портпарол на СВР.

Во ужасната сообраќајка која се случи нешто пред 2 часот по полноќ, 16-годишникот излетал од коловозот и удрил во метален столб, при што се здобил со тешки повреди на виталните делови од мозокот. Со моторот се превезувало уште едно момче на иста возраст.

„Едниот пациент кој беше примен кај нас беше со тешки телесни повреди, политрауматизиран, со повреди на повеќе системи. Беше згрижен во првите 10–12 часа, потоа се установи уште една повреда на хепар, заради која беше префрлен на Клинички центар во Скопје, и имам информација дека во меѓувреме веднаш после префрлањето е санирана повредата и пациентот се опоравува“ – вели д-р Харалампие Шокароски, директор на „Св. Еразмо“.

Охриѓани се вознемирени, тагата кај секој е подеднакво голема. Од него се простуваат соучениците, другарите, клубот во кој што тренираше како фудбалски талент. Инаку, со почетокот на летото се зголемува бројот на сообраќајки, а битката за спас на сечиј живот кој настрадал ја водат во Специјалната болница „Свети Еразмо“, каде обемот на работа е петкратно зголемен. Полицијата најавува интензивни сообраќајни контроли и ригорозни казни.