Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и проекти го поттикнува македонското производство

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година покажува вистинска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година покажува вистинска грижа за земјоделците. Реформите и проектите суштински ги решаваат најесенцијалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјоделците.

По неколку години на застој и уназадување на државата од владеењето на СДСМ и ДУИ од темел ги менуваме работите.

Реклама

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост“. Кампањата „Македонско Најдобро“ ќе биде препознатлива по специфично лого кое преку сонцето и почвата не потсетува дека ги имаме сите предуслови за да имаме домашни, квалитетни земјоделски производи.

Примарна цел е да се зголеми и зајакне домашното земјоделско производство, да се обезбеди просперитет на руралните средини, да се подигне свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и преработки од истите, како и да се обезбеди полесен пристап на нашите сограѓани до домашните земјоделски производи.

Во изминатиот период додека е Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ расте извозот на земјоделски производи.

Споредувајќи ги првите пет месеци од 2024 година со првите пет месеци од 2025 година во делот на извозот бележиме раст над 50 проценти. Во апсолутна бројка тоа е околу 57 милиони евра што е сериозен раст.

Растот на извозот на земјоделски производи покажува дека македонското земјоделство се движи во вистинска насока а проектите даваат резултати.

Македонија извезува повеќе храна од порано. Очекуваме овој тренд да продолжи и Македонија во период од неколку години од увозно зависна земја да стане држава извозник на храна.

Владините мерки во секторот земјоделие даваат резултати. Земјоделците конечно имаат партнер во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ја враќаме гордоста кај македонскиот земјоделец. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.“