Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Гувернерот Славески на средба со студентите практиканти во Народната банка

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ги отвори вратите на својот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ги отвори вратите на својот кабинет за студентите кои во текот на летниот период ја изведуваат својата практична работа во институцијата. На средбата, на којашто присуствуваше и вицегувернерката Ана Митреска, студентите имаа можност, во пријатна атмосфера, одблизу да се запознаат со работата и со одговорностите на гувернерот и со улогата на централната банка во економскиот систем.

Во своето обраќање, гувернерот Славески истакна дека за професионалниот развој, покрај теоретските знаења, особено значајно е стекнувањето практични искуства. Притоа, нагласи дека Народната банка, како носечка институција во земјава, е секогаш отворена за младите луѓе кои имаат желба да се надградуваат, да учат и да го прошират својот професионален и академски хоризонт.

– Народната банка постојано настојува да привлече млади и перспективни кадри, со високо образование и со потенцијал за аналитичка и истражувачка работа. За нашата институција, тоа претставува вложување во иднината – како во кадровска, така и во мотивациска смисла. Само преку развој на едуцирани и посветени професионалци, можеме да придонесеме за напредокот на економијата и на општеството, истакна гувернерот.

Реклама

Студентите ja искористија оваа средба за да постават прашања, да споделат свои размислувања и да изразат благодарност за можноста да бидат дел од институција каква што е Народната банка. Тие посочија дека преку практичната работа и соработката со стручните тимови ги применуваат своите знаења, ги унапредуваат своите вештини и добиваат вредно искуство за понатамошниот професионален пат.