Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

🎥 „Македонско најдобро“ – Нова кампања за поддршка на домашното земјоделство

Од родната почва, до трпезата на секое македонско семејство – новата кампања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од родната почва, до трпезата на секое македонско семејство – новата кампања на Владата „Македонско најдобро“ отвора нова страница во поддршката на домашното земјоделско производство.

За министерот ваквата иницијатива ќе придонесе граѓаните да купуваат повеќе македонски производи, а производителите да добијат посилна платформа за промоција и пласман.

„Кампањата ‘Македонско најдобро’ ќе биде препознатлива по логото кое преку Сонцето и почвата нè потсетува дека ги имаме сите предуслови за квалитетно домашно производство“, изјави министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Реклама

Освен преку медиумите, социјалните мрежи, билборди и флаери, владата ќе ја промовира кампањата и преку новата дигитална платформа „Македонсконајдобро.мк“, која им овозможува на земјоделци, преработувачи и продажни центри да ги регистрираат своите производи и локации. Покрај тоа, ќе биде достапна и мобилна апликација преку која секој потрошувач ќе може со неколку клика да го најде, провери и купи тоа што му треба – директно од македонските полиња и работилници.

„Првата регистрација е за земјоделците, каде лесно ќе можат да ги прикачат и промовираат своите свежи земјоделски производи. Втората регистрација е за преработувачите, каде ќе можат да ги претстават своите автентични македонски преработки. И третата регистрација е за продажните центри каде ќе ги регистрираат своите геолокации на продажни места низ нашата држава, со што македонските производи ќе станат повидливи за потрошувачите“, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

По години стагнација, македонското земјоделство конечно прави исчекор. Земјоделците не произведуваат само за дома, туку ги извезуваат производите и надвор од нашите граници. Само во првите пет месеци годинава,  Државниот завод за статистика регистрираше двојно зголемен извоз во однос на лани истиот период. За Владата зголемениот извоз ќе значи и поголема конкурентност и помали цени на храната за македонските граѓани.