Реклама
Економија

ВМРО ДПМНЕ: Владата инвестира во развојот на секој дел од државата

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доследно работи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доследно работи на реализација на дадените ветувања кон граѓаните.

Се потпишаа договори за 828 проекти, со вкупна вредност од 225 милиони евра преку вториот повик од инструментот за капитални инвестиции. Во првиот повик беа финансирани 288 проекти.

Реклама

Ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините. За разлика од минатото, сега нема фаворизирање на ниту една општина, ќе се инвестира насекаде низ Македонија.

Најголем дел од проектите, 589 се во областа на транспортот, каде ќе се вложат над 8 милијарди и 105 милиони денари, или 132 милиони евра. Ќе се инвестира во нови патишта, улици, мостови.

143 проекти се од областа на животната средина каде ќе се инвестираат над 2,4 милијарди денари преку проекти за почиста вода, канализациски мрежи, управување со отпад, нови паркови.

Во образованието 48 проекти, се вложуваат 1,6 милијарди денари за нови училишта, обновени училници, градинки. Како и во проекти од областа на културата, социјалната политика, спортот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во сите општини и региони низ Македонија обезбедувајќи основа за одржлив развој и просперитетна иднина за сите граѓани.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.“