Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Лимани и Ѓорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, и градоначалникот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес го потпишаа договорот за грант како дел од Вториот јавен повик за доделување грантови за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст.

Овој јавен повик се реализира во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој Министерството го спроведува со поддршка од Светската банка и е насочен кон една од клучните цели – зголемување на опфатот на деца во квалитетно и достапно предучилишно образование.

Во рамки на Вториот јавен повик до општините и општините во градот Скопје, аплицираа вкупно 15 општини. Проектот има за цел да го прошири пристапот до услугите за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст, како и генерално да го подобри квалитетот на предучилишните услуги во државата.

Реклама

„Со потпишувањето на денешниот договор се обезбедуваат финансиски средства во висина од еден милион и триста педесет илјади денари со вклучен ДДВ (1.350.000,00), од страна на Министерството, за адаптација и опремување на просторот на месната заедница во с. Драчево („Подстаница“), со што ќе се прошири капацитетот за згрижување деца од 1 до 6 години. Оваа инвестиција ќе овозможи создавање нови услови за згрижување на повеќе од 40 деца, што претставува значајна поддршка за младите семејства и вложување во иднината на општеството,“ истакна министерот Лимани.

Министерот Лимани ја истакна посветеноста на Општина Кисела Вода, која со навремено аплицирање и подготвеност за имплементација на проектот покажа дека локалната самоуправа може да биде двигател на позитивни промени, насочени кон реалните потреби на граѓаните.

„Веруваме дека со оваа соработка поставуваме пример за успешно партнерство помеѓу централната и локалната власт, кое води кон одржлив и инклузивен развој на системите за социјална грижа и образование“, изјави министерот Лимани.

Во периодот што следи, Министерството ќе продолжи да биде силен и доверлив партнер во реализацијата на сите планирани активности и ќе работи на обезбедување поквалитетни, подостапни и инклузивни услуги за децата и нивните семејства низ целата држава.