Реклама

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Економија

Лимани: Потпишани шест нови договори со општините за финансирање на инфраструктурни проекти од социјалната и детската заштита

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска потпиша шест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска потпиша шест нови договори со шест општини кои аплицираа на Вториот јавен повик за изразување интерес за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА, во вредност од 520 милиони денари.

На повикот за финансирање на проекти во надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со комплетна документација аплицираа општините: Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кратово и Чашка – за изградба на објекти за предучилишно воспитание и образование (детски градинки), и општина Кочани – за објект од областа на социјалната заштита, Дом за стари лица.

Заедно со четирите апликации од Првиот јавен повик, Министерството финансира вкупно десет инфраструктурни проекти.

Реклама

Владата на Македонија, преку ресорните министерства, инвестира во проекти чија реализација придонесува за унапредување на локалната инфраструктура, со директен импакт врз економскиот раст, развојот и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.