Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Прилози

🎥 Стотици предмети застаруваат поради недостаток на судии и обвинители

Стотици предмети кои што се водат во македонските судови застаруваат, со години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стотици предмети кои што се водат во македонските судови застаруваат, со години предметите фаќале прашина во фиоките, се додека не добијат печат на застареност.Само лани заклучно со месец ноември застареле 236 предмети, од нив 71 се кривични дела за кои била запретена и затворска казна од 3 до 5 години.Недостатокот на судии и јавни обвинители е една од причините за ваквата ситуација која доведе до застој, одложување на постапките и трупање на нерешени предмети –укажуваат правните експерти.

“Дојдовме до ситуација да една генерација не се примија сега за кандидати за академијата за судии и автоматски останавме, а 3 години треба таа генерација да пополни 100 судии и обвинители и сега се дојде до ситуација да има кусок и на судии и обвинители. И тој начин и на избор на кандидати,очигледно најдобрите кандидати што завршиле на правните факултети, не се слушатели на академијата за утре да бидат навистина добри обвинители и судии”-вели Борче Давиткоски-универзитетски професор

Два основни судови во државава,крушевскиот и беровскиот останаа без нити еден судија,судските процеси го водат делегирани судии од други градови. Судската власт функционира со половина судии од потребните.Согласно податоците на Судскиот совет заклучно со ланската година во сите судови потребни се 629 судии, а моментално работат 321.Бројот на обвинители кои недостасуваат е околу стотина.

Реклама

“Нашето општество отиде на тоа дека мора да има академија иако со академијата доаѓаат и кадри кои што немаат ни еден ден искуство во правосудството и сега прашање е кој од кадрите дали од стручните соработници кои по 10,15,20 години се во судови и обвинителства би биле посоодветни, покоретни и постурично би ја вршеле работата, тоа треба да размисли општеството”-вели адвокатот Димитрија Цобоски

Менувањето на законот за судии и обвинители наместо со 64,во пензија да одат на 67 години нема да го реши проблемот кој влече корени години наназад.Никој не водел грижа за потребата од продуцирање на кадри, велат познавачите на приликите.