Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

СДСМ: Со измените на Законот за полиција Тошковски сака да направи „партиска милиција“

СДСМ бара да бидат повлечени од собраниска процедура предложените законски измени за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ бара да бидат повлечени од собраниска процедура предложените законски измени за полиција. Според опозициската партија, власта со истите сакала да ја уништи и партизира полицијата.

Кузеска истакна дека со предложените измени, Тошковски директно удира врз кариерниот систем, го понижува знаењето и искуството и отвора врати за масовно вработување на партиски војници и послушници на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа ги наведе следниве клучни точки од предложените измени:

Реклама
  • Член 2: Предвидува поставување на луѓе со несоодветно образование и без искуство на раководна позиција за највисоките позиции, со што се деградира полицијата.
  • Член 4: Се бришат критериумите за минимум 6 години искуство и 4 години раководна позиција за началник на СВР, овозможувајќи таа позиција да ја добие „било кој што ќе го избере Тошковски“.
  • Член 6: Се укинуваат Регионалните центри за гранични работи и се припојуваат кон СВР, што е спротивно на европските стандарди за контрола на границите и препораките на ЕУ за безбедност.
  • Член 12: Се овозможува податоците во евиденциите да се бришат по 60 години, наместо трајно, што, според СДСМ, отвора простор за манипулации и бришење траги за злоупотреби.
  • Член 15: Се подига возраста за вработување на 30 години, со што се отвора простор за вработување на партиски кадри, а не млади професионалци.
  • Бришење на член 19: Се отвора можност луѓе кои се осудени и со забрани за работа да останат во полицијата и да бидат амнестирани од одговорност.

„Ова е смислен и опасен план на ВМРО-ДПМНЕ да го уништи кариерниот систем, да ја претвори полицијата во партиска милиција и да обезбеди амнестија за нивниот криминал“, истакна Кузеска.

СДСМ бара овие измени веднаш да се повлечат и апелира институциите да останат во служба на граѓаните, а не на партијата.

„Полицијата мора да остане професионална, со јасни критериуми, со знаење и искуство, а не со партиска книшка. СДСМ нема да дозволи уништување на полицијата и легализација на беззаконието“, заклучи Кузеска.