Реклама

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: За една година изградени 6 значајни патишта – Македонија се развива по седумгодишна стагнација

По 7-годишна стагнација, Македонија почна да развива, модернизира и трансформира, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 7-годишна стагнација, Македонија почна да развива, модернизира и трансформира, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, за период од една година, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажала како со посветена и чесна работа се градат темелите и државата инфраструктурно се трансформира и модернизира. „Пуштен е во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид. Делницата Пресека-Песочани ќе се вози по нов автопат. По години на застој, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да го откочи еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти. Ова ќе значи и повеќе туристи, повеќе работни места, а автопатот ќе го позиционира Охрид како попривлечна и постабилна дестинација за туристи“, соопшти партијата.

Ова е шеста делница што е пуштена во употреба. Пуштени се во употреба и делниците Градско-Фариш, Фариш-Дреново, Страцин-Крива Паланка, Гевгелија-Валандово и Охрид-Свети Наум, нагласуваат од владејачката партија.

Реклама