Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Новитет: Автомобил ќе може да се регистрира низ цела држава, не само во близина на место на живеење

Предлог-измените на Законот за возила, со кои се очекува да се олесни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-измените на Законот за возила, со кои се очекува да се олесни процесот на регистрација на возила, вчера го помина собранискиот филтер во матичната комисија.

Претседателот на Комисијата, кој е и предлагач, Бојан Стојановски, објасни дека промените се направени со цел поедноставување на процесот на регистрација на возила. Измените им овозможуваат на станиците за технички преглед да издаваат потврда за регистрираното возило, врз основа на претходно проверени критериуми, што ќе се завери со печат на сообраќајната дозвола. Исто така, се предлага регистрацијата да се врши низ целата земја, а не, како досега, во близина на местото на живеење.

„Во разговорите со нашите сограѓани и со организациите вклучени во овој закон, дојдовме до заклучок дека процесот на регистрација на возила може да се поедностави, особено затоа што има мал број извршители во Министерството за внатрешни работи кои работат на станиците за технички преглед, што значи дека дури и ако постапката за преглед на возила е целосно завршена, сепак ќе треба да почекате неколку дена за да добиете печат за сообраќајна дозвола, и поради оваа причина решивме да направиме некои иновации“, објасни Стојановски.