Реклама

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Економија

Кочоска за резултатите на Царинската управа: Резултат на вложен труд, визија и соработка

Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството. Тоа е и основната цел на секоја државна институција – да служи со ефикасност, отчетност и транспарентност – рече денеска инистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Во обраќањето на  настанот насловен „Една година резултати“ на кој Управа даде отчет за сработеното во изминатата една година, Димитриеска-Кочоска потенцира дека бројките се импресивни и дека се јасен доказ за посветеното, професионално и транспарентно работење на оваа институција.

-Тие се резултат на вложен труд, визија и соработка и претставуваат уште една потврда дека кога институциите се водат од луѓе со интегритет и одговорност, успехот е неминовен. Особено сакам да го потенцирам значајниот раст на увозните давачки, кои покажуваат двоцифрена стапка на пораст во текот на годината, тренд кој започна уште во минатата година со доаѓањето на новото раководство. Последните податоци покажуваат зголемување од дури 16% во споредба со истиот период минатата година – и тоа не е случајност. тоа е резултат на конзистентна примена на законите и унапредени процеси – истакна министерката.

Реклама

Овој позитивен тренд, дополни, е доказ дека кога има систем што функционира и каде луѓето ја разбираат својата улога и одговорност, резултатите не изостануваат.

-Очекувам и верувам дека оваа динамика ќе продолжи и понатаму, и дека Царинската управа ќе продолжи да биде столб на стабилноста и поддршка на фискалната дисциплина во државата – истакна министерката.