Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Економија

Божиновска: Поддршка за забрзана енергетска транзиција и нови проекти во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Светска банка, на која се раговараше за тековните и идните активности насочени кон унапредување на енергетскиот сектор во Македонија, со фокус на енергетска транзиција, зголемена ефикасност и развој на обновливи извори на енергија.

На средбата беше истакната подготвеноста за продлабочување на соработката во областите на енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и модернизација на енергетската инфраструктура. Посебно внимание беше посветено на нови инвестициски проекти кои треба да обезбедат долгорочна стабилност и сигурност во снабдувањето со енергија.

Претставниците на Светска банка ја изразија безрезервната подготвеност на институцијата да ја поддржи Македонија во процесот на забрзана енергетска транзиција.

Реклама

На средбата беше презентирана и „Програма за резултати“ (Program-for-Results) – инструмент на Светска банка кој овозможува поддршка на долгорочни проекти со јасно дефинирани индикатори за следење, транспарентност и евалуација на резултати. Програмата е особено применлива во сектори каде е неопходна институционална трансформација, инвестиции и управување со ресурсите.

Од страна на Министерството беа презентирани неколку приоритетни области за идна соработка, вклучувајќи:

• зголемување на капацитетите за обновлива енергија,
• дигитализација и модернизација на енергетската инфраструктура,
• како и нов проект за енергетска ефикасност во резиденцијалниот сектор, кој би овозможил директна корист за домаќинствата и граѓаните преку мерки за подобрување на енергетската ефикасност во домовите.

Министерката Божиновска ја потврди определбата на Министерството за конкретни реформи, стратешко планирање и унапредување на регулативата во согласност со меѓународните практики. Таа упати благодарност до Светска банка за континуираната поддршка, оценувајќи ја како клучна за забрзување на зелената транзиција и стабилен енергетски систем во државата.

Министерството ќе продолжи со активна соработка со меѓународните финансиски институции за реализација на стратешки проекти кои го поддржуваат економскиот развој и енергетската безбедност на Македонија.