Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Хиротонија на архимандритот г. Георгиј за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид денеска ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид денеска ќе биде извршена епископска хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија.

Со тоа тој и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија, место што беше успазнето со упокојувањето на митрополитот Тимотеј во ноември минатата година.

На храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник вчера беше спроведено Наречение на архијерејот Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј, на свечена церемонија во присуство на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и владиците од целата земја.

Реклама

Пред свештенството и собраните верници се читаше одлуката на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архипескопија за изборот на архимандритот г. Георги за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, што архимандритот Георгиј ја прифати.

Инаку, Дебарско-кичевската епархија остана без прв човек откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Отец Георгиј беше единствен кандидат за оваа висока црковна позиција, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Отец Георгиј, поранешниот декан на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши на 27 мај годинава, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах.

Митрополитот Георгиј е роден во Скопје во 1968 година. Завршил богословски студии во Скопје, а магистрирал и докторирал во Рим, на Папскиот универзитет „Грегоријана“. Има богато академско и црковно искуство, вклучувајќи и дипломатска служба како амбасадор на Македонија при Светата Столица. Автор е на неколку книги и научни трудови, а активно учествува во преведувачки и издавачки проекти на Светото писмо.