Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Рашела Мизрахи: Барања за извинувања за искажана вистина е ново на Бугарскиот репертоар

Пратеничката во Собранието на Македонија, Рашела Мизрахи објави статус на својот фејсбук…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката во Собранието на Македонија, Рашела Мизрахи објави статус на својот фејсбук профил во кој потенцира дека она што не е ново на Бугарскиот репертоар е територијалната претензија кон Македонија.

Во продолжение интергално објавата на паратеничката Мизрахи:

„Барања за извинувања за искажана вистина е ново на Бугарскиот репертоар на играме политика со соседите. Она што не е ново е територијалната претензија кон Македонија.

Реклама

За оние од соседството кој го бараат моето внимание ….

“Депутетката” Мизрахи нит е глува, нит е слепа, а богами не е ни изненадена. Децениските обиди за негирање на историското минато на Македонија и Македонците од страна политичките елити во соседна Бугарија и нивните добро познати платеници, секогаш се препнува на Холокаустот на Македонските Евреи. Не сакајќи да ги признаат ИСТОРИСКИОТ ФАКТ за нивното учество на погрешната страна во текот на Втората Светска Војна, погромот кој го направиле на Македонското еврејсто, и навредата која денес ја прават со фактот дека немаат ниту храброст ниту доблест да се извинат.

Не комшии, не сте биле администратори туку окупатори, не сте ниту најмалку за почит кога вашиот “европосланик” отпоздравува со фашистички симболизам во европскиот парламент. И не, не е знак на добрососедство ниту добра намера кога отворате клубови на фашисти во Македонија па доаѓате да испарадирате пред нив.

Конечно, НЕ, НЕМА НИКОГАШ ДА ЗАБОРАВИМЕ!!!“, објави Мизрахи на својот фејсбик профил.

Целиот линк можете да го погледнете на следниот линк: