Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Кузманоска: Овој ребаланс е резултат на добра наплата на приходите и паметно управување

„Ова е исклучително важен чекор за ние како пратеници да излеземе надвор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ова е исклучително важен чекор за ние како пратеници да излеземе надвор од собраниските групи и пред јавноста да зборуваме отворено што носат некои одредени политики, да покажеме отчетност и транспарентност“, истакна пратеничката Биљана Кузманоска на гостувањето во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува- една година Влада“.

Кузманоска истакна дека во овој период постигната е зголемена наплата на приходите без зголемување на даноци. Според неа, фокусот е ставен на развој и директна грижа за граѓаните.

„Зголемена наплата на приходите без да се зголемат даноците. А тоа е резултат на зголемена доверба на институциите и зголемена доверба и во фискалната дисциплина. Тука можам да го издвојам и развојот затоа што имаме зголемување на капитални инвестиции на капитални проекти како што се од патишта до училишта, од болници до енергетика. И во многу други сегменти коишто се многу битни во нашето општествено живеење. Најклучна ни е грижата на граѓаните, тоа се покажува во ребалансот со зголемување на платите зголемување на пензиите, со инвестирање во младите. Апсолутно во секој сегмент кој што ни е битен во нашето живеење во нашата држава“, рече Кузманоска.

Реклама

Според Кузманоска, овој ребаланс е резултат на добра наплата на приходите и паметно управување. Таа додаде дека зголемените капитални инвестиции, повисоките плати и пензии и поддршката за младите луѓе во земјава покажуваат дека ребалансот создава нови можности, и додаде дека во првите 5 месеци се надминати проекциите на приходите.

„Ова е ребаланс како резултат на добра наплата и на паметно управување и затоа сакам дека кажам дека ребалансот не е политички ова е човечки ребаланс каде што секој денар значи олеснување за секого, значи нов пат до село, ново училиште, нова градинка. Едноставно една нова можност за да се подобри начинот на живеење овде во нашата земја“, кажа Кузманоска.