Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

🎥 Мицкоски: Голема благодарност до Црвениот крст за тоа што го прави за Македонија

Денеска претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, присуствуваше на настанот по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, присуствуваше на настанот по повод 80 годишнина од формирање на Црвен крст на Македонија.

Премиерот во својата изјава изрази голема благодарност на работата и вклученоста на Црвениот крст поврзана со трагичниот настан во Кочани.

Изразувам голема благодарност за тоа што го правеше и што го прави Црвениот крст за оној ужасен трагичен настан во Кочани. Можевме да го видиме и ревизорскиот извештај којшто е изготвен за средствата коишто се акумулирани и коишто делумно се потрошени, останува уште еден мал дел. Јас можам да кажам дека направија навистина голема работа, ние тогаш заеднички ја почнавме таа активност ги канализиравме сите оние доброчинители коишто сакаат да помогнат, да практично ги насочат своите средства во рамките на Црвениот крст и сметката којашто ја отвори Црвениот крст, и денарската и девизната, направија навистина одлична работа и за тоа јас сум им благодарен, кажа Мицкоски.

Реклама

Премиерот Мицкоски потенцираше дека Владата треба да има поголема соработка со Црвениот крст и лично ќе се заложи да ја прошири соработката.

Утврдивме заеднички дека е потребно на едно поголемо, повисоко ниво да ја зголемиме соработката помеѓу Владата и Црвениот крст, јас дадов збор дека таа активност ќе има мој персонален, личен фокус во иднина и дека многу скоро денеска во рамките на Владата, со ресорните министри ќе организираме состанок да видиме што од оние програми што ги имаат министерствата, со главен фокус на Министерството за социјална политика, демографија и млади можеме заеднички да соработуваме заедно со Црвениот крст. Така што уште еднаш да се заблагодарам и да посакам понатаму уште повеќе да соработуваме заеднички, заклучи премиерот Мицкоски.