Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Грчева: Плаќаме за „дипломатијата“ на Османи од јули 2022 година

„Европскиот извештај за нас е срамен, но зборува за ЕУ повеќе отколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Европскиот извештај за нас е срамен, но зборува за ЕУ повеќе отколку за нас. Тие ниту ни ги дале, ниту можат да ни ги одземат идентитетот и јазикот. Само бедно се покриваат со слугите, нашите ‘драги’ соседи. Плаќаме и за ‘дипломатијата’ на Османи од јули 2022 година.“– реагира Солза Грчева, претседателка на партијата „Глас за Македонија и национален координатор за реформи во високото образование, преку личниот и партискиот фејсбук-профил.

Во реакцијата на општествената мрежа Грчева додава: Во оваа пригода се сетив на една британска анегдота, која оди вака: „Некој аристократ се обидувал целиот живот да стане член на елитен клуб. Секоја година го одбивале со бедни објаснувања. Тој остарел, одел веќе со патерици, станал сенка од тоа што бил. Еден ден добил писмо од клубот дека ќе го примат. Неговиот одговор бил: ‘Не сакам да бидам член на клуб, кој прима вакви како мене’.“