Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

🎥 На Охрид му се заканува бришење од УНЕСКО, обвини Костадиновска-Стојчевска

На Охрид му се заканува бришење од УНЕСКО, поради Владата на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Охрид му се заканува бришење од УНЕСКО, поради Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвини Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка од СДСМ.

Според неа,  очаен бил обидот од страна на министерот Љутков да се оправда за својата неспособност.

„Во периодот на претходната Влада предводена од СДСМ на Република Северна Македонија, покажавме силна посветеност кон заштитата на Охридското Езеро и неговото наследство, преземајќи низа клучни чекори кои беа препознаени од меѓународната заедница и УНЕСКО. Овие напори беа насочени кон системско решавање на проблемите и воспоставување трајни механизми за заштита“, рече таа.

Реклама

За да се обезбеди цврста основа за оправување на доброто, додаде Костадиновска – Стојчевска, изработен е Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион.

„Овој план ја идентификуваше екстремната ранливост на доброто, основните причини за таквата ранливост како неусогласеност на регулативите и недостигот на имплементација на постоечките програми и присуството на активни закани“, рече таа.

„Министерството за култура, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и Управата за заштита на културното наследство, изработи нов предлог на закон за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, како и нацрт Закон за заштита на културното наследство и Предлог Закон за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Овие законски рамки имаа за цел да ги зајакнат институционалните капацитети и третманот на наследството. Овие закони се повлечени“, рече пратеничката.

Таа рече дека дури и по цена на сопствениот политички рејтинг, градоначалникот од редовите на СДСМ Костадин Георгиевски влегол во бескомпромисна борба со отстранување на дивите платформи во Охридското Езеро.

„Но веќе по локалните избори 2021 година, воден од личниот интерес, негрижа и гол популизам, новоизбраниот градоначалник Пецаков дозволи обновување на овие платформи, дури и нивно проширување, што е во директна спротивност со препораките на УНЕСКО“, рече Костадиновска-Стојчевска.