Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за можен криминал во КПУ Затвор Скопје, СДСМ да се огради од Сокол

Обвинението поднесено против Филип Андов – Сокол е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинението поднесено против Филип Андов – Сокол е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за можен организиран криминал што се случуваше во затворот во Шуто Оризари, под диригенство на кадри на СДСМ, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Во времето кога Сокол беше директор, затворот беше претворен во луксузен хотел за осудени криминалци, кои со службени возила и под заштита на институцијата, односно директорот Андов, излегувале надвор од ќелиите кога ќе посакаат.

Тоа не е ниту пропуст, ниту случајност, тоа е системски криминал и злоупотреба на државната функција, со директна поддршка или молк од тогашната власт на СДСМ и ДУИ.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ повеќепати јавно посочи дека се работи за организирана структура која ја поткопува правдата, а сега, со официјално поднесено обвинение, тоа се потврди“.

Прашањето е, вели тој, дали сега СДСМ и Филипче конечно ќе покажат минимум одговорност, ќе се оградат и ќе го исклучат Сокол од член на Централниот одбор на СДСМ. Или, како што додава, и понатаму ќе го штитат, како што штитат сè што има врска со нивниот криминален картел.

Според Манасиевски, обвинителството мора да продолжи без компромиси.

„Судот мора да биде храбар и непристрасен.

Правдата мора да победи, а ваквите случаи не смеат да завршат во фиока. Ако сакаме институции што служат на граѓаните, тогаш казна мора да има за сите, без разлика дали се работи за поранешни директори, партиски советници или луѓе блиски до Заев и Филипче“.