Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Ако не сакаат општините, државата ќе ги руши дивоградбите во Охрид

Ако не сакаат општините, државата ќе ги руши дивоградбите во Охрид и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако не сакаат општините, државата ќе ги руши дивоградбите во Охрид и во другите заштитени подрачја, Министерството за транспорт распиша тендер за уривање.

Имено, Министерството за транспорт и врски денеска објави тендер за избор на фирма за уривање дивоградби. Како што велат од таму, тендерот се однесува само на дивоградби од „А“ категорија во заштитени подрачја.

„Тендерот е објавен за да бидеме спремни за можни ситуации. Ова го правиме затоа што во Охрид, за заштитениот дел, има дивоградби, па за да има фирма која може да постапува. Идеја е да имаме спремен тендер да може да се постапува кога ќе има потреба“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Реклама

Постапката за уривање ќе ја води Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, кој е под надлежност на Министерството за транспорт и врски. Во фокусот ќе бидат дивоградбите долж охридското крајбрежје, кои општина Охрид со години не ги руши.

Општините постојано се правдаат дека не ги рушат дивоградбите затоа што немаат фирма за уривање и чекаат да се објави тендер.