Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Охрид се бори да ги зачува старите занаети и традиции

Охрид претставува вистинска ризница на стари и уникатни занаети,чии мајстори со сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид претставува вистинска ризница на стари и уникатни занаети,чии мајстори со сите сили се обидуваат не само да се спротивстават на новите технологии кои ги носи модерниот начин на живот, туку и да ги спасат од заборав занаетите кои изумираат. Од занетот тешко се живее, но не смее да згасне. Тие го носат културниот идентитет на древните градови и ќе мора да се обрне повеќе внимание за нивно зачувување. Последни кои се уште ја негуваат традицијата, борејќи се да егзистираат се бисерџите,изработувачите на филигран и резбарите.

“Кога на 20 години како четврта генерација прв пат застанав во дуќанот и бев од спротивната стана на пултот да ги продавам производите,на една работа само помислив, дека имам  голема одговорност, прво да го зачувам образот на фамилијата, да биде задоволен муштеријата,секогаш да имаме добра препорака. Никогаш не ми беше целта колку ќе профитирам,тоа ќе си дојде само по себе.Важно е да се има љубов, визија и цел.А целта е задржување на традицијата.Ние имаме и една одговорност да ги продолжиме тие чекори, тие традиции на нашите претци и сите тие кои имаат занает”-вели Михајло Филев-изработувач на охридски бисер

Занаетчиството е специфична дејност,секогаш ќе имаш пари, а никогаш нема да се збогатиш. Занаетот никого не остава без леб,но денес младите не сакаат да изучат некој занает оти се нископрофитабилни. Бидејќи не носат пари, занаетчиите остануваат без наследник.Многумина, семејниот занает го замениле со трговија,а за пристојни плати некои својот работен век го продолжуваат во фабриките. Oтворањето на занаетчиски дуќан денес е луксуз,само подмирувањето на месечните трошоци надминува сума од 30.000 денари,вели претседател на Регионална занаетчиска комора Охрид.

Реклама

„Занаетчиството пред очи ни изумира, а не се превземаат конкретни чекори да го спасиме.Има дел на дефицитарни занаети кои имаат повеќе расходи отколку приходи.Јас во таа стратегија што самиот ја имам приготвено барам тие дефицитарни занаети кои се околу десетина,да бидат ослободени од плаќање на придонеси и персонален данок всушност да немаат никакви давачки кон државата за да можат да опстанат” вели Сашо Богоески, претседател на Регионална занаетчиска комора Охрид.

Богоески кажа дека се во дослух со министеството за економија со цел да сеусвои стратегија за развој и унапредување на занаетчиството. Ние мора да заминеме со чист образ, оставајќи го како завет-занаетот кој макотрпно сме го учеле, велат нашите соговорници. Звукот на длетото по старите охридски сокаци не смее да замре, да го спасиме од заборав занаетот, уметноста на старите копаничари. Многу крунисани глави, и други личности од светскиот џет-сет посетите на Охрид ги користеле да понесат и парче оригинален охридски накит. Љубителите на старите градови -музеи како што е нашиот Охрид ,знаат да почитуваат и не жалат пари само за да збогатат својата колекција со уште еден вреден експонат.