Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Перински: Кој и да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, ќе ја има мојата поддршка

Министерот за локална самоуправа Златко Перински на денешната прес-конференција изјави дека сè…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Златко Перински на денешната прес-конференција изјави дека сè уште нема официјална информација за тоа кој ќе биде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, но нагласи дека без разлика на изборот, кандидатот ќе ја има неговата целосна поддршка.

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, е најсериозниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, врз основа на внатрепартиска анкета. Перински, кој исто така долго време важеше за сериозен кандидат за оваа позиција, вели дека фокусот му бил насочен кон работата во ресорот, а не кон лична кандидатура.

Оваа информација сè уште ја немам, најдобро е да почекаме до недела. Точно е, во 12:30 има состанок на Извршниот комитет и очекувано е, меѓу другите имиња, да се соопшти и кандидатот за градоначалник на Град Скопје. Не само за Орце, за кој било кандидат поддржан од партијата тоа е огромна чест и ќе ја има мојата целосна поддршка. Јас навистина дадов сè од себе во делот на она што можам да го направам од овој ресор, но фокусот не беше на кандидатура за потенцијален кандидат. Тоа е принципот по кој јас работам, изјави Перински одговарајќи на новинарско прашање дали би го поддржал Ѓорѓиевски, ако биде избран за кандидат.

Реклама

На прашањето дали очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори, Перински посочи на бројките што ги покажуваат анкетите.

Нашите очекувања за победа на изборите се големи и се базирани на бројки. Можам да кажам дека според анкетите ќе има историски позитивни резултати во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Можеби во секоја општина имаме шанса да победиме, вклучувајќи го и Град Скопје, истакна министерот.

За Општина Центар, како што додаде, се очекува во наредните денови да се затвори процесот на избор на кандидат, по што ќе следува официјална потврда од партијата.