Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

24 години од смртта на Фејзо Џеладиновски- приправник во АРМ кој загина во конфликтот во 2001 година

Фејзо Џеладиновски (Елово, Општина Студеничани, 6 февруари 1981 – Танушевци, Скопска Црна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фејзо Џеладиновски (Елово, Општина Студеничани, 6 февруари 1981 – Танушевци, Скопска Црна Гора, 3 јули 2001) бил македонски бранител, приправник во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Загинува на 3 јули 2001 година во заседа 800 метри од караулата Танушевци од минофрлачки оган.

Како и секој татко, така и Ферид гордо го испрати својот син Фејзо во армијата која треба да ја чува и да ја брани ако затреба земјата и нејзината слобода и интегритет. Со своите војнички другари и 20 годишниот Фејзо се најде на границата недалеку од Танушевци.

Реклама

Одговорноста и чесната задача да се бранат мегите на татковината, ја чувствуваат сите кои само еднаш се движеле на граничниот појас. Беше таму со младешката храброст и омилениот војник Фејзо.

На 3 јули 2001 година откако го пречекаа конвојот на Рамно што доаѓаше од касарна Илинден почнаа да се повлекуваат према караула Танушевци каде што требаше да се истовари храната и останатите намирници предвидени за војската од караула Танушевци, Кодра Фура, и школо Танушевци. Времето беше врнежливо и доста магловито. На 800 метра пред караула Танушевци се случува заседата. Имено, и покрај големото обезбедување кое беше претходно поставено припадници на ОНА прво отвориа оган на десната страна од патот при што го свртеа вниманието на војската (претежно резервисти), а после тоа од левата страна на патот од страна на стариот пат што води према с. Танушевци притрчува припадник на ОНА и со ракетен фрлач Зоља смртно го погодува (на три дена пред завршување на воениот рок) Фејзо во главата, при што транспортното возило Леонидас со кое управуваше тој без контрола застанува на сам бездна.

Откако го извлекоа телото на Фејзо, војн. по дог. Сашо И. се пријави како доброволец (иако немаше претходно искуство) да го извлече Леонидасот. Го закачиа со сајла за Тенк Т55, мрднува едно метро, и поради лошата команда сајлата се откачува од Тенкот, при што Леонидасот прави десетица превртувања во бездна. На тој ден покрај тоа што погинува Фејзо, со траен инвалидитет останува и војн. по догов. Сашо И. Фејзо Џеладиновски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.