Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Манасиевски: Од анекси и класифицирани договори и неуспешни обиди за градење на патишта, до нови, брзи и квалитетни патишта за само една година

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: „Тоа што владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски:

„Тоа што владата на СДСМ и ДУИ не можеше да го изгради за седум години власт, ВМРО-ДПМНЕ го реализираше за само една година.

На СДСМ и ДУИ им требаа 7 години, неколку анекси и класифицирани договори, пенали и казни од неколку стотици милиони евра за патот Кичево-Охрид да го напреднат за само 10%. Или пак, 300 милиони евра за 10 километри за патот Скопје-Блаце, или во превод, 30 милиони евра за само 1 километар пат, на кој блиски лица на СДС и ДУИ, купуваа имоти за да можат потоа да инкасираат средства од државата.

Реклама

За само една година, работите се свртеа за 180 во инфраструктурата, а долгоочекуваниот пат Кичево-Охрид ќе биде готов до 2026 година. Во употреба беа пуштени експресните патишта Градско-Дреново и Куманово (Страцин)-Крива Паланка, патниот правец Охрид-Св.Наум, регионалниот пат викан понов мост кај влезот на Богданци, а започната е со изградба на 4 автопати Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Кичево-Охрид, како и Прилеп-Битола.

Паралелно со патната инфраструктура се развива и модернизира железничкиот сообраќај, се пушти во употреба пругата на Коридор 8, Куманово-Бељаковце, железничката линија Скопје-Куманово, а во изградба е и железницата Бељаковце – Крива Паланка.

Во делот на авиосообраќајот се воведени нови 11 авиолинии од двата аеродроми, а се разговара и за воведување на нови 20 авиолинии, со кои ќе имаме зголемен број на туристи во државата.

Почитувани,

Ова се само дел од проектите кои ги има или се реализираат во Министерството за транспорт, за кои беа потребни само една година. Замислите, каква инфраструктура ќе имавме денес, ако за изминативе 7 години, СДСМ и ДУИ работеа барем 10% од она што оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ го направи досега. Затоа, за само една година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.“