Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Даниела Димовска стана вд претседателка на Кривичен суд – Дел од членовите Судски беа против

Даниела Димовска ќе седне во жешкото претседателско столче на Кривичниот суд, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Даниела Димовска ќе седне во жешкото претседателско столче на Кривичниот суд, на кое до пред еден месец седеше Иван Џолев. Колегите од Судксиот совет ја изгласаа за вд претседател на Скопска единица. Со 10 за и двајца против. Членките на Судкиот совет, Антоанета Димовска и екс адвокатката Тања Чачаровска Илиевска со контра аргументи за единствениот предлог за вд претседател на Кривичнот суд, судијката Даниела Димовска. Антоанета Димовска и била ментор и упати пофални зборови, додека Чачаровска Илиевска имаше замерка зошто токму таа е единствениот предлог .

Не се пополни само претседателското столче во Кривичниот суд. Африм Фидани и одицијално стана шеф на највисокиот суд во државата по повеќе од еден месец откако беше избран на функцијата на седница на Судскиот совет.

Во дискусијата пред да биде изгласан во мај годинава, меѓу членовите се разви дискусија за неговата анонимност во јавноста, па и меѓу судиите, како и недоволното познавање на состојбите во судството по актуелните прашања.

Реклама

Заклетва дадоа и потпишаа и судиите Марија Клетничка-Марковска, Оља Ристова, Иван Џолев и Бетим Јахја, кои добија унапредување и ќе бидат судии во Апелацискиот суд Скопје за кривична област. Без разлика на реакции во јавноста за нивниот избор, претседателот на Судкси совет уверува дека изборот бил според ранг листа.

На седницата беа избрани и неколку судии за Апелацискиот суд, но за граѓанска област. Но, тие денеска не дадоа свечена изјава бидејќи, како што кажа претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, таму постапката не е правно завршена, односно досега се пристигнати три жалби.