Османи, Ковачевски, Маричиќ и соработниците го доведоа во прашање македонскиот идентитет – отстапките и сервилноста на претходната власт, се покажаа на дело. Премиерот Христијан Мицкоски не е изненаден од бугарската пропаганда и најновите информации кои ги споделуваат тамошните медиуми дека во Извештајот за Македонија кој ќе се гласа во ЕП следната недела, наводно немало да бидат спомнати македонскиот идентитет и јазик. Според шефот на владата, ова е подеднакво лошо како да стои модерен или современ јазик и идентитет. Ова според него, се должи, како што рече Мицкоски, на талибанскиот однос на неговите претходници.
Ние деновиве предупредивме дека ќе се случува ваквиот инженеринг. За нас е исто подеднако лошо и тоа што од извештајот се брише терминот македонски јазик и идентитет, исто како и да стоеше терминот модерен македонски јазик. Буквално е поденкаво лошо. Но, она е важно, е да се напомене дека оној мал чекор, кога во Комитетот за надворешни работи при ЕП во извештајот помина и македонски јазик и македонски идентитет, ќе остане во колективната меморија, дека за прв пат некогаш помина македонски јазик во главниот град на ЕУ, Брисел, во седиштето на европската демократија, Европскиот Парламент – рече премиерот Мицкоски.
Бугарската агенција БГНЕС објави дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – ЕПП, Социјалистите, социјалдемократите и Обнови ја Европа – се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од извештајот за напредокот Македонија.

Трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласија да ги исфрлат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Македонија. Се очекува мнозинството во пленарната сала во Стразбур да ги поддржи амандманите на извештајот следната недела, пишува БГНЕС.
Инаку, Комитетот за надворешни работи на ЕП – АФЕТ го усвои извештајот за Македонија во кој на четири места директно се споменуваат „македонскиот идентитет и јазик“, тема што предизвика жестоки реакции од официјална Софија во изминатиот период. Според Владата, со ова однесување, Бугарија покажала дека целта не и се само уставни измени туку и понатаму да го негира постоењето на македонската нација.
Македонскиот идентитет и јазик во АФЕТ минатата недела добија широка поддршка, односно „за“ гласаа 40-мина, 19 „против“ и 10 гласаа воздржано.
