Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Николоски: Работиме паралелно на развој на двата паневропски коридори 8 и 10, бараме силна подршка од европските земји

Коридорите 8 и 10 се економски и стратешки многу важни за Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коридорите 8 и 10 се економски и стратешки многу важни за Македонија и затоа влеговме во голем инвестициски циклус за да ги развиваме. Работиме на изградба на нови автопати и проект за брза железница, истакна вицепремиерот Николоски, при работата посета на Франција.

-Имаме уникатна географска позиција. Не е тајна дека балканските војни и Првата светска војна се воделе околу Македонија. Два паневропски коридори се сечат источно од главниот град Скопје – што е уникатен случај во југоисточна Европа. Тоа се Коридор 10, кој ги поврзува грчките пристаништа со Централна и Северна Европа и го скратува времето на снабдување од 22 дена и вториот е Коридор 8 кој го поврзува Јадранско до Црно Море. НАТО го прогласи Коридор 8 за втор по важност воено-стратешки коридор, бидејќи е алтернатива за снабдување на Украина. Работиме паралелно на развој на двата коридори, за нас се важни и стратешки и економски. Веќе има комплетен автопат на Коридор 10, а сега почнуваме со брза железница со бризна до 200 км на час за патници и до 120 км на час за транспорт. На коридор 8 работиме на изградба на автопати, до 2029 очекуваме комплетно да го завршиме. Паралелно работиме и на железницата. Овие планови ја надминуваат нашата домашна економија затоа склучивме Договор Влада со Влада со Обединетото Кралство, вреден 6 милијарди евра и бараме слични партнерства и со Франција и други европски земји, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: