Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Мицкоски: Ова е признание за улогата што нашата држава ја има во градењето мостови и содавањето на решенија

По отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, заедничка прес конференција одржаа претседател на Владата, Христијан Мицкоски и Марта Кос, ЕУ комесар за проширување. Овој самит е можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

-Денеска сме тука во Скопје не само како домаќини туку и како партнери, сојузници на една заедничка визија. Визија за регион што не се дефинира преку своите проблеми туку преку своите можности. Визијата за Западен Балкан кој се приближува кон ЕУ не со зборови туку со дела со реформи, со разултати, со интеграција што се чувствува во секојдневниот живот на граѓаните. Фактот што сме домаќини на овој лидерски самит е важна симболична потврда за нашата регионална и европска релевантност, изјави Мицкоски.

Преммиерот Мицкоски искатка дека тоа не е случајност.

Реклама

-Тоа е резултат на политичкиот капитал кој го вложивме во стабилноста, реформите и конструктивниот пристап. Ова е признание за улогата што нашата држава ја има во градењето мостови и содавањето на решенија, рече Мицкоски.

На денешните разговори во фокус е реализација на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, која претставува историска шанса за сите граѓани.

-Тоа е механизам кој ни овозможува не само пристап до инвестиции и фондов, туку и мотивирачка рамка за унапредување на владеењето на правото, ефикасноста на институциите и економската конкурентност, додаде Мицкоски.