Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Николоски: Во патната инфраструктура изминатата година се направи повеќе отколку во последните девет години

Изминатата година во изградбата на патната инфраструктура се направи повеќе отколку во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатата година во изградбата на патната инфраструктура се направи повеќе отколку во последните девет години, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски вечерва посочи дека суштинскиот проблем за доцнењето со изградбата на експресната делница Фариш – Дреново што беше пуштена денеска, е затоа што немало посветеност.

-Сега имаме исклучително безбеден пат и се крати патувањето до Прилеп за половина час, рече Николоски нагласувајќи дека ова била втората најтешка делница за работа, после автопатот Кичево-Охрид.

Реклама

Тој најави дека до крајот на 2027 година ќе биде изграден автопатот Прилеп-Битола со што, како што рече, времето за патување од Скопје до Битола ќе изнесува час и половина до час и 40 минути.

Потврди дека првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид, на потегот Врбјани-Охрид, ќе бидат пуштени во употреба на 12. следнот месец.