Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Превентивна кампања на МВР и РСБСП „Безбедно во лето – Вози одморен“

Покрај пречекорување на дозволената брзина и возење под дејство на алкохол, заморот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај пречекорување на дозволената брзина и возење под дејство на алкохол, заморот претставува една од клучните причини за сообраќајни несреќи во текот на летниот период. Особено ризична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, и во двата правци, каде секоја година се бележат повеќе сообраќајки со сериозни последици.

Оваа состојба се должи на тоа што станува збор за дел од европскиот транспортен коридор, по кој секојдневно се движат илјадници возила. Возачите, изморени од долгите часови зад воланот, често ја губат будноста и концентрацијата, а не е реткост некои дури и да заспијат при возење – што резултира со несреќи од трагичен карактер.

Со оглед на ваквата ситуација, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на летната сезона, ќе спроведат едукативно-превентивни активности на двете насоки од Коридорот 10, под мотото „Безбедно во лето – Вози одморен“. Денес кампањата на граничниот премин Богородица ја промовираа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Горан Ангелов.

Реклама

Кампањата има за цел да ги потсети возачите на опасностите што ги носи заморот зад воланот, на сериозните последици што може да настанат од сообраќајки предизвикани од ненаспаност и намалена концентрација, како и да ги охрабри да прават редовни паузи, да пијат повеќе течности, да патуваат одморени и да го запрат возењето веднаш штом ги забележат првите симптоми на замор.

„Сакаме да ја подигнеме свесноста на сите оние коишто се зад воланот, во рамки на овие летни горештини, колку што може повеќе да пијат течности, да прават редовни паузи во рамки на возењето, да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ја пречекоруваат пропишаната брзина. Целта е да имаме што може помал број на сообраќајни незгоди и жртви во нив. Како и досега, така и понатаму продолжуваме со голем број превентивни активности, коишто се поврзани со безбедно управување на моторните возила.“, потенцираше министерот Тошковски.

„Податоците покажуваа дека во текот на летото, во просек 15 лица месечно го губат животот. Тоа е бројка која не смееме да ја игнорираме и кон чие намалување мораме заеднички да работиме преку директни мерки и едукатно-превентивни активности. Клучната порака е да се тргне на пат само кога сме одморени и подготвени. Заморот и намалената концентрација се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди во лето. Затоа возете смирено, одговорно и без агресија, без разлика на метежот. Избегнувајте возење во доцните ноќни часови кога особено влијае заморот но и при екстремно високи дневни температури“, потенцираше директорот на РСБСП Горан Ангелов.

Согласно наведеното МВР во соработка со РСБСП продолжува со едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и со засилени контроли од страна на сообраќајната полиција.