Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Мицкоски: Пуштен е во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра

Интегралното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба експресниот пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интегралното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра:

„Почитувани граѓани,

Почитувани партнери од Европската банка за обнова и развој,

Реклама

Драги пријатели,

Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра- проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци, и за Прилеп, и за Битола, и за Ресен, и за сите општини од Пелагонија.

Овие пари, како во минатото, по принципот како до сега, не завршија во нечии џебови, не исчезнаа во провизии, тендери и фиктивни договори. Туку се тука, пред вас. Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела.

Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот.

Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен.

Дојде време кога парите од граѓаните- се враќаат назад кај граѓаните, преку проекти, патишта, училишта, фабрики.

Почитувани,

Денес Македонија се гради- чекор по чекор, делница по делница, проект по проект.
Со чесна работа, домаќинска политика и меѓународни партнерства- ја менуваме државата од темел.

Овој пат, Фариш- Дреново, не е само обичен пат туку тој е и порака. Порака дека можеме поинаку. Порака дека ако се сака- се може.

И доказ дека Македонија нема да биде вечно во застој ако што беше изминатите седум години, туку цврсто граби на патот кон напредокот.

Граѓаните имаат очекувања. И ние тие очекувања нема да ги изневериме.

Кога велиме „Ги градиме темелите на промените“, тоа не се само  празни зборови.

Тоа се токму проекти како овој, патишта како овој. Тоа се училиштата кои ги обновуваме. Болниците што се реконструираат.

Тоа е новата економија, новата индустрија, новите работни места што се отвораат.
И тоа е новото време- време на одговорност, време кога ќе градиме, наместо по принципот како до сега кога крадеа.

Доаѓа времето на Македонија.

Време на чесна влада, јасна визија и видливи и мерливи резултати.

Нека биде со среќа делницата Фариш- Дреново.

Нека служи на сите, со години и децении.

И Бог нека ни ја благослови Македонија!

Ви благодарам.“