Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Тошковски ги праша СДСМ: Дали моќна фамилија значајна за партијата е сопственик на полигонот и одлучила кој ќе го добие тендерот?

Добро е што Министерството за внатрешни работи кога ги објавува огласите наведува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добро е што Министерството за внатрешни работи кога ги објавува огласите наведува кои се основни услови кои треба да ги исполнат оние кои аплицираат за да ги добијат. Добро е што притоа не наведува од која политичка партија треба да бидат, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање за коментар по вчерашните обвинувања од СДСМ за наместен тендер за испитниот центар во Битола.

Министерот додаде дека денеска тој има прашање на СДСМ.

-Дали е точно дека за полигонот врз основа на кој едната фирма ги исполнила условите, а другата фима не ги исполнила условите и учествувале во рамки на овој јавен оглас, е на една позната фамилија која во минатото беше претставник на СДСМ во рамки на локалната и централната власт. Ако им е толку многу важно кој од која политичка партија е. Дали токму фамилијата од СДСМ, моќна од реонот Преспа, е онаа фамилија која одлучила кој ќе го добие тендерот? Согласно тендерот кој е објавен, и согласно правилникот, во одредени територии мора да има одредени испитни центри, полигони, каде ќе треба секој еден кој сака да полага за возачка дозвола, да може во рамки на територијата да ги врши полагањата и обуките. Дали е точно дека фамилијата која е значајна за СДСМ е сопственик на полигонот кој бил клучен за компанијата која го добила огласот?, праша министерот за внатрешни работи.