Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ свесно молчеше за криминалите на ДУИ, а сега се гласни

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ демонстрираше пример за коленичење, не само за отстапки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„СДСМ демонстрираше пример за коленичење, не само за отстапки за коалициски интереси туку и во однос на поткопување на правдата.

СДСМ молчеше пред очигледни случаи на корупција, клиентелизам и злоупотреба на државните ресурси од страна на ДУИ.

Реклама

СДСМ знаејќи дека за нив е важно да ја зачуваат власта, без разлика на се, избра стратегија на молчење и попустливост, и буквално ги игнорираа сите криминали.

СДСМ молчеа и за Груби само за да бидат на власт ден повеќе.

Коленичењето е белег на СДСМ. Скандалите со злоупотреба на позициите се белег на СДСМ.

СДСМ наместо да го штити интересот на народот тие постојано избираа да си го заштитат коалицискиот комфор и апсолутно се покорија на ДУИ.

СДСМ свесно ги затвораше очите за криминалите на ДУИ.

По кој основ зборуваат сега? Владеењето преку коалиција со ДУИ не е пример за правна легитимност.

Ако навистина се грижеа за правдата, требаше да постават било какви стандарди за коалициските партнери, требаше да ги повикаат институциите да истражат сомнежи за криминал.

Ама СДСМ се задоволуваа со тендери и го избегнуваа секој предизвик за реална одговорност.“