Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Од Градско до Дреново ќе се вози по експресен пат, делницата кај Фариш е целосно готова

Од утре од Градско кон Прилеп ќе се вози по целосно нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од утре од Градско кон Прилеп ќе се вози по целосно нов експресен пат. Конкретно до Фариш, до каде комплетно е завршена втората потешка делница за изведба од овој многу значаен патен коридор за овој регион. Делот од експресниот пат низ Фаришката Клисура, кој во двете насоки има по две ленти за сообраќај, беше вистински предизвик односно најтежок за изградба – во делот на тунелите, но и во делот на косините за чија изградба беа користени посебни методи.

Официјалното пуштање на делницата Дреново–Фариш ќе биде утре напладне, со присуство и на премиерот Христијан Мицкоски.

Веста дека овој проект, на чија реализација се чекаше со години, па и децении, сепак не поминува без политизирање. Па така, СДСМ, на пример, излегоа со критики до власта дека се китела со туѓи перја, оти во нивен мандат бил изграден најголемиот дел од оваа делница.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ им одговорија дека, за разлика од СДСМ, тие посветено и интензивно работеле на реализацијата не само на овој, туку и на низа други инфраструктурни капитални проекти. Од владејачката партија порачуваат дека кога СДСМ зборува за инфраструктурни проекти, граѓаните првин се сеќаваат на зурли, тапани и на чочек. Затоа велат: пуштањето во употреба на патиштата не е за чочек, туку за работа.