Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

ЗНАМ се подготвува за локалните избори, соработката со ВМРО-ДПМНЕ е сигурна

Во пресрет на локалните избори, партиите од владината коалиција во финална подготовка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на локалните избори, партиите од владината коалиција во финална подготовка за стратегијата но и за конечната листа со која ќе настапат во трката за градоначалници и советници. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, кои се дел од владината коалиција потврди дека ќе има соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека изборот на кандидатите со кои ќе настапат на претстојните изброи бил при крај, дел нив самостојно а дел во координација со партијата на Мицкоски.

  • „Сметам дека веќе до средината на јули ќе се знае епилогот од тие преговори. Разговараме за поголем број на општини кои не се концентрирани во една изборна единица или во еден регион, туку пошироко низ државата и штом ќе заврши тој разговор, би ги обелодениле резултатите,“ рече Димитриевски.

Во општините каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе преземат обврска да го поддржат нивниот кандидат уште во првиот круг и обратно. Според Димитриевски, неговата партија би го поддржала кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, а тоа зависи од името и политичкиот договор на партијата.

  • „Овде зборуваме исклучиво за кандидати кои се квалитетни луѓе, докажани во својата сфера на делување и познати во јавноста. За имињата ќе разговараме дури откако ќе заврши епилогот на преговорите со нашите политички партнери,“ рече Димитриевски.

Максим Димитриевски ќе се бори за трет мандат во Куманово, а неговата партија ЗНАМ ќе трча и за најмалку една скопска општина потврдија претходно од централниот одбор на партијата. Димитриевски е фиксен, но во останатите општини низ државата се уште не е пресечено кои ќе им бидат фаворити за локалните избори. 

Реклама

Кандидатот за градоначалник за главниот град пак, ВМРО-ДПМНЕ ќе го открие во првата половина на јули. Така најави партискиот претседател Христијан Мицкоски уште пред 10-тина дена кога и тој ја потврди соработката со Движењето ЗНАМ на Димитриeвски.